Политика за заштита на лични податоци

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на myVoucher веб страната, и објаснува како Ваучер ДОО ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.myvoucher.mk, мобилната апликација myVoucher, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.


ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Дополнително, Политиката може да биде променета со цел следење на новините во европската и националната регулатива за приватност, како и најдобрите практики. Можете да видите кога оваа Политика за заштите на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во "Последно обновено".

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци


Политиката за зашите на лични податоци е организирана на следниот начин:

  1. Видови на податоци кои ние ги собираме
  2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
  3. Како myVoucher ги користи податоците
  4. Кога, како и кому myVoucher открива податоци
  5. Како myVoucher ги собира податоците
  6. Безбедност на податоците
  7. Пристап и промена на Вашите податоци
  8. Приватност на трети страни
  9. Политика за заштита на лични податоци за деца
  10. Терминологија
  11. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

1. Видови на податоци кои ние ги собираме

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници, Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • го пристапувате или користите нашиот сајт
  • се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на myVoucher
  • ги отворате или одговарате на нашите email пораки
  • оставате коментари на сајтот

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одредено физичко лице. Кога ќе се вклучите во некои активности на мобилната апликација, како на пример креирање на профил, порачување производ од нас, објавување на мислење, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Касис АД Скопје. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде озовможено да се вклучите во таа активност.

Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи, за да го подобриме работењето на апликацијата и веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на апликацијата и веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.

Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние, и/или нашите овластени трети странки Даватели на услуги, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во оваа Политика за заштита на лични податоци.


2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

Иако податоците се користат со добра намера и цели можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате.

Можете да ги уредите Вашите е-маил преференци, со логирање на Вашиот профил преку myVoucher апликацијата, со влез во секцијата "Мој профил" и потоа "Email известувања". Тука може да се отчлените или да ги одберете категориите од Ваш интерес за кои сакате да добивате промотивни пораки со известувања за новите партнери. Исто така можете да ги прилагодите е-маил преференците со следење на инструкциите во е-маил пораките кои ги ви праќаме. Можете да ги промените преференците во било кое време. Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние ќе ви испраќаме административни пораки со информации за извршено купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на "отчлени се" копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инстукциите за да го комплетирате отчленувањето.

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите. Истото може да го подесите и од Вашиот паметен уред доколку ја користите апликацијата со подесување зависно од мобилниот уред.


3. Како myVoucher ги користи податоците

Ние (или нашите "Партнери" во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:

  • да го подобриме работењето на апликацијата и да ви понудиме персонализирани производи од нашите бизнис соработници,
  • да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување, да ви одговараме на Ваши барања и прашања,
  • да комуницираме и да ве информираме за дополнителни работи околу myVoucher и нашите партнери,
  • да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Партнери,
  • да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на апликацијата, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите.

4. Кога, како и кому myVoucher открива податоци

Ние нема да ги делиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци со Партнерите на myVoucher. Партнерите чии услуги и производи се промовираат, може да побараат податоци за myVoucher корисници кои ја искористиле понудата, со цел да им помогнат при реализација на попустот. Во овие случаи, ние споделуваме некои од Вашите лични податоци со myVoucher партнерите. Споделувањето на овие податоци може да му дозволат на myVoucher партнерот да испраќа реклама директно до Вас, доколку одлучи да го стори тоа. Сепак, ние ќе споделуваме лично идентификациони податоци со myVoucher партнерот само ако се вклучите во некоја активност која бара идентификација, и само со myVoucher партнерот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. Ние не превземаме било каква одговорност за постапките на myVoucher партнерот. Ние ги информираме дека им е дозволено да комуницираат со Вас за целите за одредени промоции кои ги склучиле со myVoucher. Ние немаме никаква одговорност за активностите на myVoucher партнерот, и активностите на myVoucher партнерот не се под наша контрола.
  • Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица - Даватели на услуги Овие "трети лица - Даватели на услуги" извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, испраќање поштенски или електронски маил, остранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на апликацијата, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Даватели на услуги со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некој ваучер, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на Касис АД Скопје со цел да се потврди плаќањето. Исто така, можеме да дадеме податоци за myVoucher партнерот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме myVoucher партнерите и третите лица Даватели на услуги да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.
  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и/или за целите на судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата апликација.
  • Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании".

5. Како myVoucher ги собира податоците

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, купувате ваучери или на било кој начин имате интеракција со нашата апликација или сајт. Исто така, собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.

Еден начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies) За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб страницата, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Cookie е мал текстуален податок кој е складирани на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме cookies додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Cookies, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат cookies, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете cookies. Имајте предвид дека ако сте ги одбиле или избришале овие cookies, некои делови од веб-страницата може да не работат правилно.

Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници или може да им овозможиме на нашите Бизнис соработници да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција. Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликација и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.


6. Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата апликација со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме - Стопанска Банка, која е серфитицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.

Плаќања преку мобилна апликација: Кога вршите купувања преку мобилната апликација имате опција по Ваша желба да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка, се со цел да се олесни купувањето и да можете со само еден клик да вршите купувања. Овие податоци се зачувани единствено на Вашиот мобилен уред и тоа во енкриптирана форма. Ако телефонот Ви биде изгубен или украден зачуваните податоци нема да бидат видливи на трето лице, единствено штета која може да ви биде направена е ако некој изврши купувања преку мобилната апликација на Вашиот телефон со Вашите зачувани податоци.


7. Пристап и промена на Вашите податоци

Можете да пристапите, да ги промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата "Мој профил".

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го остраните профилот може да испратите барање на support@myvoucher.mk но сепак тоа не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на апликацијата поради анализи на продажбите и месечни и годишни извештаи.

Ако одберете да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка на мобилната апликација, истите ќе бидат зачувани само на Вашиот мобилен уред и ние нема да имаме никаков достап до истите. Податоците во мобилната апликација именувани "Инфо за платежна картичка" можете да ги промените и избришете во било кое време. Истите се чуваат во енкриптирана форма на Вашиот мобилен уред и доколку истиот го изгубите или ви е украден податоците нема да бидат видливи за третото лице. Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик.


8. Приватност на трети страни

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.myvoucher.mk. и на мобилната апликација на myVoucher. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.


9. Политика за заштита на лични податоци за деца

myVoucher не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на myVoucher изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.


10. Терминологија

Партнери - трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии попусти се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.

Податоци од паметни уреди - податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци - податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Даватели на услуги - трети лица чии услуги ги користиме, а кои ги извршуваат во наше име, како што е банка за процесирање на трансакции, сервис за испраќање на промотивни и други е-маил пораки, маркетинг агенции и аналитичари.


11. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на support@myvoucher.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса: